4 а не го донесе на влезот од шаторот на средбата+ за да го принесе како жртва за Јехова пред шаторот на Јехова, секој таков ќе биде виновен за крв. Пролеал крв и затоа да се погуби и така да се отстрани од неговиот народ,+
30 Ќе ги уништам вашите свети височинки,+ ќе ги соборам вашите сталки за кадилници и ќе ги положам вашите трупови врз труповите на вашите одвратни идоли,*+ и мојата душа ќе се гнаси од вас.+
6 Таму носете ги своите жртви паленици+ и другите свои жртви, своите десеттини,+ прилозите на своите раце,+ своите заветни жртви,+ своите доброволни жртви+ и првороденото од својата крупна и ситна стока.+
43 Тој одеше во сѐ по патот на својот татко Аса. Не отстапуваше од неговиот пат, туку го правеше она што е исправно во Јеховини очи.+ Единствено што не беа отстранети обредните височинки. На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+