9 Тогаш Самоил зеде едно јагне цицалче и му го принесе на Јехова како жртва паленица, целата ја изгоре.+ И Самоил почна да го повикува Јехова да му помогне на Израел,+ и Јехова го услиши.+
8 Потоа оди пред мене во Гилгал.+ И еве, јас ќе дојдам кај тебе за да принесам жртви паленици и жртви на заедништвото.+ Чекај седум+ дена додека да дојдам кај тебе, па ќе ти јавам што треба да направиш“.
43 Тој одеше во сѐ по патот на својот татко Аса. Не отстапуваше од неговиот пат, туку го правеше она што е исправно во Јеховини очи.+ Единствено што не беа отстранети обредните височинки. На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+
26 Тогаш Давид му изгради таму жртвеник+ на Јехова и му принесе жртви паленици и жртви на заедништвото. И го повика Јехова,+ а тој му одговори со оган+ што се спушти од небото врз жртвеникот за жртви паленици.
3 Потоа Соломон и целата заедница* со него отидоа на височинката што беше во Гаваон,+ зашто таму беше шаторот на средбата,+ кој му припаѓаше на вистинскиот Бог, а го беше направил Мојсеј, слугата+ на Јехова, во пустината.