30 Тогаш Јосиф побрза надвор, зашто беше длабоко трогнат поради својот брат.+ Затоа побара место каде што ќе може да плаче, па влезе во една одаја каде што можеше да биде сам и таму се исплака.+
15 Може ли жена да го заборави своето доенче и да не му се смилува на синот на својата утроба?+ Ако таа и го заборави него,+ јас нема да те заборавам тебе.+
20 „Зар Ефрем не ми е мил син или сакано дете?+ Зашто, колку и да зборувам против него, пак ќе се сетам на него.+ Затоа мојата утроба се вознемири поради него.+ Навистина ќе му се смилувам“,+ вели Јехова.
8 Како да те оставам, Ефреме?+ Како да те напуштам, Израеле?+ Како да постапам со тебе како со Адма?+ Како да ти го направам истото што му го направив на Севоим?+ Ми се променија чувствата во срцето+ и се разгоре мојата сомилост.