48 И ќе им служиш на своите непријатели,+ кои Јехова ќе ги испрати против тебе, во глад,+ во жед, во голотија и во секаква немаштија. На вратот ќе го носиш нивниот железен јарем сѐ додека не бидеш истребен.+
22 Идното поколение, вашите синови што ќе дојдат по вас, и туѓинецот што ќе дојде од далечна земја ќе прашаат, кога ќе ги видат неволјите во оваа земја и нејзините болести што ѝ ги нанесува Јехова,+
12 Тогаш Јоахин, царот на Јуда, излезе пред вавилонскиот цар+ со својата мајка,+ со своите слуги, со своите кнезови и со своите дворјани. И вавилонскиот цар го зароби во осмата+ година од своето царување.
11 На крајот Јехова ги доведе против нив+ воените заповедници на асирскиот цар+ и тие го фатија Манасија во пештера,+ го оковаа+ во двојни бакарни окови и го одведоа во Вавилон.