16 И Манасија пролеа многу невина крв,+ толку многу што со неа се наполни Ерусалим од едниот крај до другиот. Освен тоа, со својот грев го наведе на грев и Јуда, за да го прави она што е зло во Јеховини очи.+
11 На крајот Јехова ги доведе против нив+ воените заповедници на асирскиот цар+ и тие го фатија Манасија во пештера,+ го оковаа+ во двојни бакарни окови и го одведоа во Вавилон.
13 Му се молеше, и тој ја чу неговата молитва+ и ја услиши неговата молба со која молеше за милост, па го врати во Ерусалим и му ја врати царската власт.+ И Манасија созна дека Јехова е вистинскиот Бог.+