16 Но тие постојано им се подбиваа+ на гласниците на вистинскиот Бог, Јехова, ги презираа неговите зборови+ и ги исмејуваа+ неговите пророци, сѐ додека неговиот гнев+ не дојде врз неговиот народ, та веќе немаше лек.+
14 На Сион страхуваат+ грешниците, трепет ги обзема отпадниците,+ па велат: ‚Кој од нас ќе опстане пред огнот што голта?+ Кој од нас ќе опстане пред вечните пламења?‘+
20 Затоа вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, мојот гнев и мојата јарост се излеваат врз ова место,+ врз луѓето и врз стоката, врз полските дрвја+ и врз плодовите на земјата. Мојот гнев ќе гори и нема да угасне‘.+
27 Но, ако не ме послушате, ако не ви биде свет денот за одмор и ако носите товари+ и влегувате со нив низ ерусалимските порти на денот за одмор, тогаш ќе запалам оган на неговите порти,+ и тој ќе ги проголта утврдените дворци на Ерусалим+ и нема да угасне“ ‘.+