26 И кога ќе ви ги уништам резервите од леб,*+ десет жени ќе ви печат леб во само една фурна и ќе ви даваат леб со мера.+ И ќе јадете, но нема да се наситите.+
53 Тогаш ќе го јадеш плодот на својата утроба, месото од своите синови и ќерки,+ кои ти ги даде Јехова, твојот Бог, поради маката и неволјата со кои ќе те притисне твојот непријател.
63 И како што Јехова ви се радуваше правејќи ви добро и умножувајќи ве,+ така Јехова ќе ви се радува сотирајќи ве и истребувајќи ве.+ И ќе бидете искорнати од земјата во која одите за да ја заземете.+
16 И додаде: „Сине човечки, еве, ќе ги уништам во Ерусалим резервите од леб,*+ па ќе јадат леб на мерка и во тегоба,+ и ќе пијат вода на мерка и со страв,+
10 Затоа татковците ќе ги јадат своите синови сред тебе,+ а синовите ќе ги јадат своите татковци, и ќе ја извршам својата пресуда над тебе и ќе го распрснам сиот твој остаток на сите страни“ ‘.*+