33 А вас ќе ве расеам меѓу народите+ и ќе извлечам од кориците меч против вас,+ па земјата ќе ви биде претворена во пустош,+ а градовите во пусти урнатини.
26 знајте — за сведоци против вас ги земам денес небото и земјата+ — дека ќе исчезнете брзо од земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете. Нема да живеете долго во неа, зашто ќе бидете истребени.+
36 Јехова ќе те одведе тебе+ и твојот цар,+ кој ќе го поставиш над себе, во народ непознат и за тебе и за твоите прататковци, и таму ќе им служиш на други богови, дрвени и камени.+
64 И Јехова ќе те расее по сите народи од едниот крај на земјата до другиот,+ и таму ќе им служиш на други богови, дрвени и камени, кои ти се непознати и тебе и на твоите прататковци.+
27 Јехова рече: „И Јуда+ ќе го отфрлам од пред своето лице,+ како што го отфрлив Израел.+ И ќе го отфрлам овој град што го избрав, Ерусалим, и домот за кој реков: ‚Таму ќе престојува моето име‘ “.+
9 Ќе предизвикам да бидат ужасна глетка и неволја за сите земни царства,+ и да бидат за потсмев и да ги спомнуваат со презир,* да бидат за подбив+ и проклетство+ по сите места каде што ќе ги расеам.+
25 ‚„Зашто јас, Јехова, ќе кажам збор, и тој ќе се обистини.+ Нема повеќе да има одложување,+ зашто во ваши денови,+ бунтовнички доме, ќе кажам збор и ќе го извршам“, вели Севишниот Господар Јехова‘ “.
14 Јас, Јехова, реков така.+ Така и ќе се случи,+ така и ќе направам. Нема да се откажам,+ нема да се смилувам+ и нема да ми е жал.+ Ќе ти судат според твоите патишта и според твоите дела‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“