2 Тогаш аѓутантот, на чија рака се потпираше царот,+ му одговори на Божјиот човек вака: „Дури и кога Јехова би ги отворил небесните брани,+ би можело ли да се случи тоа?“+ А тој рече: „Еве, ќе го видиш тоа со свои очи,+ но нема да јадеш“.+
16 Но тие постојано им се подбиваа+ на гласниците на вистинскиот Бог, Јехова, ги презираа неговите зборови+ и ги исмејуваа+ неговите пророци, сѐ додека неговиот гнев+ не дојде врз неговиот народ, та веќе немаше лек.+
24 Затоа, како што огнените јазици го проголтуваат стрништето+ и како што во пламенот исчезнува сувата трева, така нивниот корен+ ќе стане како смрдлив гнилеж и нивниот цвет ќе се разлета како прав, зашто го отфрлија законот на Јехова над војските+ и ја презреа речта на Израеловиот Светец.+
22 Затоа немојте да се исмејувате,+ за вашите окови да не станат појаки, зашто чув од Севишниот+ Господар, Јехова над војските, дека е одредено истребување за целата земја.+
2 Јехова е Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему+ и Бог кој се одмаздува. Јехова се одмаздува+ и готов е да се разбесни.+ Јехова им се одмаздува на своите противници+ и се гневи на своите непријатели.+