17 А свештениците што го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз мирно стоеја на суво+ среде Јордан, додека целиот Израел преминуваше по сува земја,+ и така останаа сѐ додека не премина преку Јордан целиот народ.
14 Тогаш ја зеде пророчката наметка на Илија, која му падна, удри со неа по водата+ и рече: „Каде е Јехова, Богот на Илија?“+ Кога удри по водата, водата се раздели на две страни и Елисеј премина.
15 А Јехова ќе го исуши заливот на египетското море+ и со својата рака ќе замавне на Реката+ со жарот на својот здив. Ќе нападне седум нејзини надојдени ракави и ќе направи луѓето да ги преминуваат во сандали.+