4 А Јонатан,+ синот на Саул, имаше син сакат на двете нозе.+ Детето имаше пет години кога од Језраел+ дојде глас за Саул и за Јонатан. Неговата негувателка го зеде и избега, но додека набрзина бегаше од страв, тој падна и остана сакат. Името му беше Мефивостеј.+
6 Кога Мефивостеј, синот на Јонатан, син на Саул, дојде кај Давид, падна ничкум, со лицето до земја.+ А Давид рече: „Мефивостеј!“ Тогаш тој му одговори: „Еве го твојот слуга!“
24 И Мефивостеј,+ внукот на Саул, дојде да го пречека царот. Тој не си ги миеше* нозете,+ ниту си ја уредуваше брадата,*+ ниту си ја переше облеката од оној ден кога отиде царот до денес кога се врати во мир.