25 И Јехова слезе во облакот+ и зборуваше со него,+ па зеде од духот+ што беше на него и го стави на секој од седумдесетте старешини. И штом слезе духот на нив, почнаа да се однесуваат необично — како пророци кога ќе паднат во пророчки занес. Но тоа никогаш повеќе не се повтори.+
20 Божјиот дух+ го обзеде+ Захарија,+ синот на свештеникот Јодај,+ и тој застана погоре од народот и рече: „Вака вели вистинскиот Бог: ‚Зошто ги престапувате Јеховините заповеди на своја штета?+ Го оставивте Јехова, и затоа тој ќе ве остави вас‘ “.+
21 Зашто, пророштво никогаш не било изречено по човечка волја,+ туку луѓето ги кажуваа зборовите што доаѓаа од Бог+ така како што ги водеше светиот дух.+