-
Езра 3:8Свето писмо — превод Нов свет
-
-
8 А во втората година по нивното доаѓање во домот на вистинскиот Бог во Ерусалим, во вториот месец,+ започнаа со работа Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ и Исус,+ синот на Јоседек, со другите свои браќа свештеници и левити и со сите други што се вратија од заробеништво+ во Ерусалим. И поставија левити+ од дваесет години нагоре да ги надгледуваат работите околу Јеховиниот дом.+
-
-
Агеј 1:12Свето писмо — превод Нов свет
-
-
12 Зоровавел, кој е син на Салатиел, и првосвештеникот Исус, кој е син на Јоседек, заедно со сиот народ го послушаа гласот на својот Бог, Јехова, и зборовите на пророкот Агеј, бидејќи тој беше испратен од Јехова, нивниот Бог. И народот почна да покажува стравопочит кон Јехова.
-
-
Агеј 2:4Свето писмо — превод Нов свет
-
-
4 ’А сега, Зоровавеле, биди силен!‘, вели Јехова. ’Биди силен и ти, Исусе, првосвештенику, сине на Јоседек!‘
’Биди силен, народе‘, вели Јехова. ’И фатете се за работа!‘
’Бидејќи јас сум со вас‘, вели Јехова над војските.
-