18 И кога им подигаше судии,+ Јехова беше со секој судија. Јехова ги избавуваше од рацете на нивните непријатели во сите денови на судијата. Кога ќе го чуеше нивното офкање, Јехова се сожалуваше+ на нив поради оние што ги потискаа+ и ги угнетуваа.
9 Тогаш синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне.+ И Јехова им подигна спасител+ на синовите на Израел за да ги спаси, имено Готонил,+ синот на Кенез,+ помладиот брат на Халев.+
15 И синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне.+ Тогаш Јехова им подигна спасител, Ехуд,+ синот на Гера Венијаминецот,+ кој беше левучар.+ Синовите на Израел му испратија по него данок на Еглон, моавскиот цар.
5 Затоа Јехова му даде спасител+ на Израел, така што синовите на Израел се избавија од сириската рака и продолжија да живеат во своите домови како и порано.+