25 Ако човек му згреши на човек,+ Бог може да се заземе за него.+ Но, ако човек му згреши на Јехова,+ кој ќе се заземе за него?“+ Но тие не го послушаа гласот на својот татко,+ затоа што Јехова реши да ги погуби.+
16 Но тие постојано им се подбиваа+ на гласниците на вистинскиот Бог, Јехова, ги презираа неговите зборови+ и ги исмејуваа+ неговите пророци, сѐ додека неговиот гнев+ не дојде врз неговиот народ, та веќе немаше лек.+
3 „Од тринаесеттата година на Јосија,+ синот на Амон, царот на Јуда, па до денешен ден, во овие дваесет и три години ми доаѓаше Јеховината реч и јас ви ја кажував — станував рано и зборував — но вие не слушавте.+