17 Во судењето не бидете пристрасни.+ Сослушувајте го еднакво и малиот и големиот.+ Не плашете се од луѓе,+ бидејќи судот е Божји,+ а спорот што ќе ви биде претежок изнесете го пред мене за да го сослушам‘.+
4 По правда ќе им суди на сиромасите,+ праведно ќе укорува, бранејќи ги кротките на земјата. Ќе ја удри земјата со пратот на својата уста,+ со здивот* на својата уста ќе ги погуби злите.+
3 Вака вели Јехова: „Спроведувајте правда и покажувајте праведност, и избавете го опљачканиот од раката на пљачкашот! Не малтретирајте ги дојденецот, детето без татко и вдовицата!+ Не угнетувајте ги!+ И не пролевајте невина крв на ова место!+