7 Но Јехова му рече на Самоил: „Не гледај на неговата надворешност, ниту на неговата висока става,+ зашто го отфрлив. Бог не го гледа она што го гледа човекот,+ зашто човекот го гледа она што го гледаат очите,+ а Јехова го гледа она што е во срцето“.+
12 Ако кажеш: „Види, не знаевме за тоа“+ — нема ли оној што ги проценува срцата да распознае+ и нема ли оној што ја набљудува душата твоја да знае+ и да му плати на човекот според неговите дела?+
15 А тој им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето,+ но Бог ги познава вашите срца.+ Зашто, она што меѓу луѓето е возвишено, во Божји очи е одвратно.+