3 И многу народи ќе одат, велејќи: „Дојдете!+ Да појдеме на Јеховината гора, во домот на Богот Јаковов! Тој ќе нѐ поучува за своите патишта, и ќе одиме по неговите патеки“.+ Зашто, од Сион ќе излезе закон, и од Ерусалим Јеховината реч.+
6 Јехова над војските ќе им подготви на сите народи+ на оваа планина+ гозба од избрани јадења,+ гозба од извонредно вино, од избрани јадења полни со срцевина,+ од стасано вино,+ процедено.+
52Разбуди се, разбуди се, облечи се во сила,+ Сионе! Облечи ги своите прекрасни облеки,+ Ерусалиме, свети граде!+ Зашто, во тебе нема повеќе да влегуваат необрежаните и нечистите.+
17 Во тоа време Ерусалим ќе се вика престол на Јехова,+ и сите народи ќе се собираат+ во Ерусалим, за да го фалат името на Јехова во него,+ и нема повеќе да се поведуваат по своето тврдокорно и злобно срце.“+