18 Повеќе нема да се слуша за насилство во твојата земја, ниту за пустошење и сотирање во твоите граници.+ Своите ѕидови ќе ги викаш Спасение+ и својата порта — Слава.
22 Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род. Зашто, деновите на мојот народ ќе бидат како деновите на дрвото,+ и моите избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце.+
18 Заради својот народ, во тој ден ќе склучам сојуз со полските животни,+ со небесните птици и со суштествата што лазат по земјата, и ќе ги скршам лакот и мечот и ќе ја отстранам војната од земјата+ и ќе им дадам да почиваат без страв.+