14 И ќе ви дозволам да ме најдете‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ги соберам вашите заробеници и ќе ве соберам од сите народи и од сите места по кои ве расеав‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ве вратам на местото од каде што ве испратив во изгнанство.‘+
27 ‚А ти не плаши се, о слуго мој, Јакове, не плаши се, Израеле!+ Зашто, еве, ќе те избавам тебе од далечната земја, и твоето потомство од земјата на нивното заробеништво.+ Јаков ќе се врати, ќе биде мирен и спокоен и никој нема да го плаши.+