17 И го доведе против нив халдејскиот+ цар, кој ги погуби со меч+ нивните младичи во нивното светилиште+ и не се смилува ни на младич ни на девојка, ни на старец ни на немоќен.+ Сѐ му предаде в раце.
17 „Јас ќе те оздравам и раните ќе ти ги излекувам“,+ вели Јехова. „Зашто тебе те нарекуваа истерана+ и велеа: ‚Тоа е Сион, онаа што никој не ја бара‘.“+
10 „Вака вели Јехова: ‚На ова место за кое вие ќе велите дека е пустош, без човек и без животно, во градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим, кои ќе опустат+ и ќе останат без луѓе, без жители и без животни, пак ќе се чуе+
27 Зашто, напишано е: „Весели се, неротко која не раѓаш! Воскликнувај и извикнувај, ти која не си во родилни болки, зашто децата на напуштената жена се побројни од децата на онаа што има маж!“+