18 Повеќе нема да се слуша за насилство во твојата земја, ниту за пустошење и сотирање во твоите граници.+ Своите ѕидови ќе ги викаш Спасение+ и својата порта — Слава.
9 Но вие сте „избран род, царско свештенство, свет народ,+ народ кој е Божја сопственост,+ за да ги објавувате доблестите“+ на оној што ве повикал од темнината во својата прекрасна светлина.+