17 И го доведе против нив халдејскиот+ цар, кој ги погуби со меч+ нивните младичи во нивното светилиште+ и не се смилува ни на младич ни на девојка, ни на старец ни на немоќен.+ Сѐ му предаде в раце.
17 Тогаш цар Седекија испрати луѓе и го доведе кај себе. Во својата куќа, на скришно место, царот го праша:+ „Има ли некаква порака од Јехова?“ Тогаш Еремија рече: „Има!“ И додаде: „Ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар!“+
5 Но халдејската војска тргна во потера по нив+ и го стигна Седекија во пустата рамница кај Ерихон.+ Го фатија и го одведоа кај Навуходоносор, вавилонскиот цар, во Ривла,+ во ематската земја,+ за да му суди.+
20 Ќе ја распнам над него својата мрежа, и тој ќе се фати во мојата ловечка мрежа,+ па ќе го одведам во Вавилон и таму ќе му судам за тоа што ми беше неверен.+