-
2. Царевите 17:13Свето писмо — превод Нов свет
-
-
13 И Јехова ги предупредуваше+ Израел+ и Јуда+ преку своите пророци+ и преку сите свои јасновидци:+ „Одвратете се од своите зли патишта+ и држете ги моите заповеди+ и моите одредби,+ правејќи сѐ според законот+ што им го дадов на вашите прататковци+ и ви го пренесов преку своите слуги, пророците“.+
-
-
Еремија 35:15Свето писмо — превод Нов свет
-
-
15 И ви ги испраќав сите свои слуги, пророците,+ станував рано и ги испраќав, велејќи: ‚Одвратете се, ве молам, секој од својот зол пат+ и поправете ги своите дела+ и не одете по други богови за да им служите!+ И живејте во земјата што ви ја дадов вам и на вашите татковци!‘+ Но вие не го приклонивте увото и не ме слушавте.+
-