19 Ќе велите: ‚Зошто Јехова, нашиот Бог, ни го направи сето ова?‘+ А ти ќе им речеш: ‚Како што ме оставивте мене и отидовте да му служите на туѓ бог во својата земја, така ќе им служите на туѓинци во земја што не е ваша‘.“+
17 Јехова над војските, оној што те посади,+ ти најави неволја поради злото што го извршија домот на Израел+ и домот на Јуда горејќи му приноси на Ваал за да ме навредуваат“.+
10 ‚„Зашто, го свртив своето лице кон овој град за зло, а не за добро“,+ вели Јехова. „Ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар,+ и тој ќе го изгори со оган.“+
28 „И како што порано бдеев+ за да ги искоренам, за да ги урнам, за да ги разорам, за да ги уништам и да ги оштетам,+ така ќе бдеам за да ги изградам и за да ги насадам“,+ вели Јехова.