15 Зашто, ‚еве, ги повикувам сите племиња на северните царства‘, вели Јехова,+ ,и тие ќе дојдат, и секое од нив ќе го постави својот престол пред ерусалимските порти,+ и ќе ги нападнат сите негови ѕидишта наоколу и сите градови на Јуда.+
„Еве, надоаѓаат води+ од север+ и се претвораат во голем порој. Ќе ја поплават земјата и сѐ што е на неа, градот и оние што живеат во него.+ И луѓето ќе викаат, и ќе плачат горко сите што живеат во земјата.+