20 додека Јехова да им даде на вашите браќа да си отпочинат како и вие, така што и тие ќе ја заземат земјата која Јехова, вашиот Бог, им ја дава од онаа страна на Јордан. Потоа вратете се секој на својот имот што ви го дадов‘.+
37 ‚Еве, ќе ги соберам од сите земји низ кои ќе ги расеам во својот гнев и во својата јарост и во голема лутина,+ па ќе ги вратам на ова место и ќе им дадам да живеат без страв.+
11 Ќе се соберат синовите на Јуда и синовите на Израел и ќе се обединат,+ па ќе си постават еден поглавар и ќе заминат од земјата,+ зашто голем ќе биде језраелскиот ден.+
14 А јас ќе ги вратам заробените од мојот народ Израел,+ и тие ќе ги изградат запустените градови и ќе ги населат,+ ќе насадат лозја и ќе го пијат нивното вино, ќе направат градини и ќе го јадат нивниот плод.‘+
20 Во тоа време ќе ве доведам, во времето кога ќе ве соберам. Зашто, ќе ви создадам добро име и ќе ви прибавам фалба меѓу сите народи на земјата кога ќе ги вратам вашите заробеници пред ваши очи“, вели Јехова.+