31 пророците прорекуваат лажно,+ а свештениците го угнетуваат народот, користејќи ја својата власт.+ А мојот народ го сака тоа.+ Но што ќе направите кога ќе му дојде крајот?“+
17 Постојано им зборуваат на оние што ме презираат: ‚Јехова рече: „Ќе имате мир“ ‘.+ И на секој што се поведува по своето тврдокорно срце*+ му велат: ‚Нема да ве снајде никаква неволја‘.+
9 ‚А вие не слушајте ги своите пророци,+ ниту своите гаталци, ниту оние што сонуваат соништа,+ ниту оние што се занимаваат со магија, ниту своите маѓепсници,+ кои ви зборуваат: „Нема да му служите на вавилонскиот цар“!+
10 Така ќе биде затоа што го заведуваат мојот народ, затоа што велат: „Мир е!“ — а мир нема.+ Едните градат ѕид, а другите го премачкуваат со вар,+ но сѐ е залудно.‘+
11 Неговите главатари судат за мито,+ неговите свештеници поучуваат за плата+ и неговите пророци гатаат за пари,+ а се повикуваат на Јехова, велејќи: „Нели Јехова е меѓу нас?+ Нема да нѐ снајде несреќа“.+