3 тогаш Јехова, твојот Бог, ќе го врати твојот заробен народ+ и ќе ти се смилува,+ и пак ќе те собере откај сите народи меѓу кои ќе те расее Јехова, твојот Бог.+
12 И ќе им го подигне собирниот знак на народите и ќе ги собере распрснатите синови на Израел+ и ќе ги собере расеаните синови на Јуда од четирите краишта на земјата.+
18 Вака вели Јехова: „Еве, ќе ги соберам заробениците од шаторите на Јаков,+ ќе се смилувам на неговите шатори. Градот пак ќе биде изграден на неговиот рид+ и утврдените дворци ќе стојат на местото што им припаѓа.+
11 Ќе се соберат синовите на Јуда и синовите на Израел и ќе се обединат,+ па ќе си постават еден поглавар и ќе заминат од земјата,+ зашто голем ќе биде језраелскиот ден.+