3 Зашто, Јехова ќе го утеши Сион.+ Ќе ги утеши сите негови урнатини+ и ќе направи неговата пустина да биде како Еден+ и неговата пустелија како Јеховината градина.+ Радост и веселба ќе има во него, благодарења и звуци на песна.+
12 На твој збор ќе бидат изградени одамна опустошени места,+ ќе ги подигнеш темелите што биле пусти со поколенија.+ И ќе те викаат обновител на оштетените ѕидови,+ обновител на патиштата што водат до населените места.
4 Тие повторно ќе ги изградат одамна опустошените места,+ ќе ги подигнат местата што се одамна пусти,+ ќе ги обноват опустошените градови,+ местата што се пусти со поколенија.
14 А јас ќе ги вратам заробените од мојот народ Израел,+ и тие ќе ги изградат запустените градови и ќе ги населат,+ ќе насадат лозја и ќе го пијат нивното вино, ќе направат градини и ќе го јадат нивниот плод.‘+