4 Не плаши се,+ зашто нема да се посрамиш!+ Немој да се чувствуваш понижена, бидејќи нема да се разочараш!+ Ќе го заборавиш срамот на својата младост,+ нема повеќе да се сеќаваш на срамот од своето долготрајно вдовство.“
14 Синовите на твоите угнетувачи ќе доаѓаат кај тебе и ќе ти се клањаат,+ и сите што те презираа ќе паѓаат пред твоите стапала+ и ќе те викаат град на Јехова, Сион+ на Израеловиот Светец.
19 Еве, во тоа време ќе станам против сите твои угнетувачи.+ Ќе го спасам сакатиот народ+ и ќе го соберам расеаниот народ.+ Ќе им прибавам фалба и добро име по целата земја каде што беа срамотени.