13 Зашто, мене ми припаѓа секој првороден.+ Во оној ден кога го погубив секој првороден во египетската земја,+ го посветив за себе секој првороден во Израел — и од човек и од животно.+ Тие нека ми припаднат мене. Јас сум Јехова“.
4 Потоа му рече на народот, на жителите на Ерусалим, да им го дадат на свештениците+ и на левитите+ делот што им припаѓа, за да можат тие да се држат цврсто+ за Јеховиниот закон.+
10 А Азарија,+ главниот свештеник од домот на Садок,+ му рече: „Откако почнаа да донесуваат прилози+ во Јеховиниот дом, народот јадеше и се насити,+ а има и многу вишок.+ Зашто, Јехова го благослови својот народ+ и затоа остана толку многу“.
35 Исто така одредивме да ги донесуваме во Јеховиниот дом првите зрели плодови од својата земја+ и првите зрели плодови од секое дрво,+ од година на година.