ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • 5. Мојсеева 4:19
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 19 и, кога ќе ги подигнеш очите кон небото и ќе ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите, целата војска небесна, да не дозволиш да те заведат, па да им се поклонуваш и да им служиш,+ зашто нив Јехова, твојот Бог, им ги даде на сите народи под целото небо.+

  • 5. Мојсеева 17:3
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 3 па почнат да обожаваат други богови и да им се клањаат ним, или на сонцето, или на месечината, или на сета небесна војска,+ нешто што не сум го заповедал,+

  • 2. Царевите 17:16
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 16 Ги оставија сите заповеди+ на Јехова, својот Бог, и си направија две леани+ телиња+ и обреден дирек,+ па ѝ се клањаа на целата небесна војска+ и му служеа на Ваал.+

  • 2. Царевите 23:5
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 5 Ги распушти свештениците на туѓите богови, кои царевите на Јуда ги поставија за да горат приноси на обредните височинки во градовите на Јуда и во околината на Ерусалим, а исто и оние што им гореа приноси на Ваал,+ на сонцето, на месечината, на соѕвездијата* и на сета небесна војска.+

  • Јов 31:26
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 26 ако сум гледал како светнала светлината

      или како патува убавата месечина,+

  • Еремија 8:2
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 2 И ќе ги распрострат пред сонцето и пред месечината и пред сета небесна војска, која ја сакаа, на која ѝ служеа, по која одеа,+ која ја бараа и на која ѝ се поклонуваа.+ Нема да ги соберат, ниту ќе ги погребат. Ќе бидат како гној по земјата.“+

  • Еремија 44:17
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 17 туку ќе правиме според секој збор што излезе од нашите усти:+ ќе ѝ гориме приноси на ‚царицата на небесата‘+ и нејзе ќе ѝ излеваме жртви налевници,+ како што правевме ние+ и нашите татковци,+ нашите цареви+ и нашите кнезови по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим. Тогаш бевме сити со леб и ни беше добро и не доживувавме никакви неволји.+

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели