44 Но и покрај сето тоа, додека се во земјата на своите непријатели, нема да ги отфрлам+ и нема да ми станат одвратни+ за да ги уништам и да го прекршам својот сојуз+ со нив. Зашто, јас сум Јехова, нивниот Бог.
3 тогаш Јехова, твојот Бог, ќе го врати твојот заробен народ+ и ќе ти се смилува,+ и пак ќе те собере откај сите народи меѓу кои ќе те расее Јехова, твојот Бог.+
15 Така го одведе Јоахин+ во изгнанство во Вавилон+ заедно со мајката на царот,+ со жените на царот, со неговите дворјани+ и со најистакнатите луѓе во земјата. Сите нив ги одведе од Ерусалим во изгнанство во Вавилон.
5 „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Како што се добри овие смокви така во мои очи ќе бидат добри и изгнаниците на Јуда,+ кои ќе ги испратам од ова место во халдејската земја.+
11 „Зашто, јас сум со тебе“, вели Јехова, „за да те спасам.+ Ќе ги истребам сите народи меѓу кои те расеав.+ А тебе нема да те истребам.+ Но ќе те казнам колку што е потребно, нема да те оставам неказнет.“+
10 Чујте ја, народи, Јеховината реч, и објавете ја по далечните острови!*+ Речете: „Оној што го расеа Израел ќе го собере повторно+ и ќе го чува како што овчарот го чува своето стадо.+