11 Во тој ден Јехова по вторпат ќе ја испружи раката+ да го собере остатокот од својот народ, кој ќе преостане, од Асирија,+ од Египет,+ од Патрос,+ од Хус,*+ од Елам,+ од Сенар,+ од Емат и од морските острови.+
10 „Не плаши се, слуго мој, Јакове!“ — вели Јехова. „Не плаши се, Израеле!+ Зашто, еве, ќе те спасам тебе од далечна земја, и твоите потомци од земјата на нивното заробеништво.+ Ќе се врати Јаков, ќе биде мирен и спокоен и никој нема да го плаши.“+
37 ‚Еве, ќе ги соберам од сите земји низ кои ќе ги расеам во својот гнев и во својата јарост и во голема лутина,+ па ќе ги вратам на ова место и ќе им дадам да живеат без страв.+
42 ‚Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова,+ кога ќе ве доведам во земјата на Израел,+ во земјата за која се заколнав со подигната рака дека ќе им ја дадам на вашите татковци.
13 И ќе ги изведам+ од сите народи и ќе ги соберам од сите земји и ќе ги доведам во нивната земја+ и ќе ги пасам на израелските планини, крај потоци и крај сите населени места во земјата.+
12 Затоа пророкувај и речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ги отворам вашите гробови+ и ќе ве изведам од вашите гробови, народе мој, и ќе ве доведам во земјата на Израел.+
14 А јас ќе ги вратам заробените од мојот народ Израел,+ и тие ќе ги изградат запустените градови и ќе ги населат,+ ќе насадат лозја и ќе го пијат нивното вино, ќе направат градини и ќе го јадат нивниот плод.‘+