7 Неговата кнежевска власт ќе се простира надалеку,+ и на мирот на Давидовиот престол+ и во неговото царство ќе му нема крај,+ за да се утврди+ и втемели врз правдата+ и врз праведноста,+ отсега па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Јехова над војските.+
25 Ќе живеат во земјата што му ја дадов на својот слуга, Јаков, во која живееја вашите татковци.+ Во неа ќе живеат+ тие и нивните синови и синовите на нивните синови довека.+ И Давид, мојот слуга, ќе им биде поглавар довека.+
14 Нему му беа предадени власта,+ честа+ и царството+ за да му служат сите народи, племиња и јазици.+ Неговата власт е вечна власт, која никогаш нема да помине, и неговото царство нема да пропадне.+
7 И од куциот народ ќе зачувам остаток+ и од народот што беше изгонет далеку ќе направам моќен народ,+ и јас, Јехова ќе царувам над него на гората Сион од сега па довека.+
15 И седмиот ангел затруби.+ И силни гласови се слушнаа на небото: „Царската власт над светот сега му припаѓа на нашиот Господар*+ и на неговиот Христос,*+ и тој ќе царува во сета вечност“.+