18 Целиот прибор,+ голем+ и мал, од домот на вистинскиот Бог, богатството+ од Јеховиниот дом и богатството на царот+ и богатството на неговите кнезови, сѐ однесе во Вавилон.
7 Цар Кир ги изнесе предметите што му припаѓаа на Јеховиниот дом,+ кои Навуходоносор ги беше однел од Ерусалим+ и ги беше ставил во домот на својот бог.+
16 А на свештениците и на целиот овој народ им реков: „Вака вели Јехова: ‚Не слушајте ги зборовите на своите пророци што ви пророкуваат: „Еве, приборот од Јеховиниот дом наскоро ќе се врати од Вавилон!“+ Тие ви пророкуваат лага.+
19 Заповедникот на телесната стража+ ги зеде и големите садови за вода,+ пепелниците, прскалките,+ лонците, светилниците,+ чашите и чиниите од чисто злато+ и оние од чисто сребро.+
2 И вистинскиот Бог Јехова му го даде в раце Јоаким, царот на Јуда,+ и дел од приборот+ од својот дом, а тој го однесе приборот во земјата Сенар,+ во домот на својот бог, и го стави во ризницата на својот бог.+