9 Повеќе нема да се прави зло+ и нема да се пустоши на целата моја света гора,+ зашто земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода.+
10 ако му го дадеш на гладниот она што го сака твојата душа+ и ја наситиш душата што е во неволја, тогаш ќе светне твојата светлина и во мрак, а твојата темнина ќе стане како пладне.+
17 И духот+ и невестата+ велат: „Дојди!“ И секој што слуша, нека рече: „Дојди!“+ И секој што е жеден, нека дојде.+ Секој што сака, нека земе бесплатно од водата на животот.+