40 А четвртото царство+ ќе биде цврсто како железо.+ Зашто, како што железото дроби и толчи сѐ, така и тоа, како железо што разбива, ќе ги здроби и ќе ги разбие сите тие царства.+
7 Гледав понатаму во ноќните виденија, и ете, четврти ѕвер, страшен, ужасен и необично силен.+ Имаше големи железни заби. Тој голташе и дробеше, а она што остануваше го газеше со нозете. Се разликуваше од сите претходни ѕверови и имаше десет рога.+
19 Тогаш посакав да дознаам точно што претставува четвртиот ѕвер, кој се разликуваше од сите други и беше особено страшен, со заби од железо и со шепи од бакар, и голташе и дробеше, а она што ќе останеше го газеше со нозете+ —