4 Потоа тој го зеде златото од нивните раце, го обликува+ со резбарска алатка и направи леано теле.+ А тие извикаа: „Ова е, о Израеле, твојот Бог, кој те изведе од египетската земја!“+
4 Тој ѝ го врати среброто на мајка си, а таа зеде двесте сребреници и му ги даде на сребрарот.+ И тој направи режан лик+ и излеана статуа,+ кои стоеја во куќата на Миха.
6 Луѓето на големо го истресуваат златото од ќесињата и го мерат среброто на вага. Најмуваат златар, па тој од него прави бог,+ пред кој паѓаат ничкум и се клањаат.+
4 Поставуваат цареви,+ но без мене. Поставуваат кнезови, но без мое знаење. Од своето сребро и од своето злато си прават идоли+ за да бидат истребени.+
2 А сега греши уште повеќе, си прави кипови излеани од сребро,+ идоли според своите замисли,+ а сите тие се само дело на вешти луѓе.+ И ним им велат: ‚Луѓето што принесуваат жртви нека ги бакнуваат ликовите на излеаните телиња!‘+