4 Тој ќе суди меѓу народите+ и ќе создаде складност меѓу многу народи.+ Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови.+ Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да учат да војуваат.+
9 Ќе излезат жителите на израелските градови, ќе запалат оган и ќе го изгорат оружјето, малите и големите штитови, лаковите и стрелите, кратките и долгите копја — со нив ќе палат оган+ седум години.
10 И ќе ги уништам бојните коли во Ефрем и коњите во Ерусалим.+ Ќе бидат уништени бојните лакови.+ И тој ќе им зборува за мир на народите.+ Власта негова ќе биде од море до море и од Реката* до краиштата на земјата.+