24 „Кој се фали, нека се фали со тоа што е разборит*+ и ме познава мене, што знае дека јас сум Јехова,+ оној што покажува милост,* правда и праведност на земјата,+ зашто на тоа се радувам“,+ вели Јехова.
7 Ќе им дадам срце за да ме познаваат,+ дека јас сум Јехова. И ќе бидат мој народ,+ а јас ќе бидам нивни Бог, зашто ќе се вратат кај мене со сето свое срце.+
34 „И никој повеќе нема да го учи својот другар, ниту својот брат,+ и нема да му вели: ‚Запознајте го Јехова!‘+ Зашто, ќе ме познаваат сите, од најмал до најголем“,+ вели Јехова. „И ќе им го простам нивниот престап и повеќе нема да се сеќавам на нивниот грев.“+
11 И нема повеќе никој да го учи својот сограѓанин, ниту својот брат, велејќи: „Запознај го Јехова!“+ Зашто, ќе ме познаваат сите,+ од најмал до најголем.