7 Ако осиромаши некој од твоите браќа кај тебе во еден од твоите градови, во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, нека не ти закорави срцето и не затворај ја раката за својот сиромашен брат.+
21 кои го обвинуваат човекот за грев поради неговите зборови+ и му поставуваат мамка на оној што изрекува осуда на портата+ и го соборуваат праведникот со празни докази.+
12 Во тебе земаат мито за да пролеваат крв.+ Даваш на заем со камати и заради добивка,+ стекнуваш добивка од своите ближни со грабање+ и измама,+ а мене ме заборави‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.
7 Едвај чекаат да видат земен прав врз главата на бедните,+ и ги отстрануваат кротките од вистинскиот пат.+ Синот и таткото одат кај истата девојка+ за да го осквернат моето свето име.+