ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • 5. Мојсеева 28:49
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 49 Јехова ќе подигне против тебе народ што доаѓа оддалеку,+ од крајот на земјата, народ кој ќе се нафрли на тебе како орел,+ чиј јазик нема да го разбереш,+

  • 2. Царевите 15:29
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 29 Во времето на Фекај, израелскиот цар, дојде Теглат-Феласар,+ асирскиот цар,+ и ги освои Ијон,+ Авел-Вет-Маха,+ Јанох, Кедес,+ Асор,+ Галад+ и Галилеја,+ целата земја на Нефталим,+ и нивните жители ги одведе во изгнанство во Асирија.+

  • 2. Царевите 17:6
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 6 Во деветтата година од царувањето на Осиј, асирскиот цар ја освои Самарија+ и ги одведе Израелците во изгнанство+ во Асирија, па ги насели во Халах+ и во Авор, на реката Гозан+ и во медијските градови.+

  • Исаија 7:20
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 20 Во тој ден Јехова со изнајмен брич, кој доаѓа од Реката,*+ со асирскиот цар,+ ќе ги избричи главата и влакната на телото,* а и целата брада.+

  • Исаија 8:4
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 4 зашто пред детето да научи да вика+ ‚тато‘ и ‚мамо‘, богатството на Дамаск и пленот на Самарија ќе му бидат однесени на царот на Асирија“.+

  • Исаија 10:5
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 5 „Гледај, Асирецот+ е стапот на мојот гнев,+ палката во неговата рака ја извршува мојата осуда!

  • Осија 10:6
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 6 Ќе го однесат во Асирија како дар на големиот цар.+ Срам ќе го обземе Ефрем,+ и Израел ќе се посрами поради своите намери.+

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели