5 Ќе страхуваат жителите на Самарија за идолското теле од Вет-Авен.+ Неговиот народ ќе тагува за него, како и свештениците на туѓите богови, кои му се радуваа поради неговата слава, зашто ќе отиде откај нив во изгнанство.+
13 Препашете се, свештеници, и удирајте се в гради од тага!+ Плачете горко, слуги на жртвеникот!+ Дојдете, поминете ја ноќта во козина, слуги на мојот Бог! Зашто, од домот на вашиот Бог ги снема житните жртви+ и жртвите налевници.+