8 Вака вели Севишниот Господар Јехова, кој ги собира распрснатите синови на Израел:+ „Ќе соберам кај него и други, покрај неговите што се веќе собрани“.+
12 Како што оној кој го пасе стадото се грижи за своите овци+ кога ќе ги најде расеани+ така и јас ќе се погрижам за своите овци. Ќе ги избавам од сите места низ кои се распрснаа во денот на облакот и на густата темнина.+
21 И речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе ги земам синовите на Израел од народите меѓу кои отидоа и ќе ги соберам отсекаде и ќе ги доведам на нивната земја.+