10 Кај тебе нека не се најде никој што ќе го помине својот син или својата ќерка низ оган,+ ни некој што гата,+ ни некој што се занимава со магија,+ ни некој што пророкува според предзнаци,+ ни маѓепсник,+
6 Ти си го оставил својот народ, домот Јаковов,+ бидејќи е полн со она што доаѓа од Исток,+ и се занимаваат со магија+ како Филистејците и има многу деца на туѓинци меѓу нив.+
19 Ако ви речат: „Обратете им се на оние што повикуваат духови+ или гатаат, кои шепотат+ и мрморат“* — не треба ли народот да му се обраќа на својот Бог?+ Зарем ќе им се обраќаат на мртвите во корист на живите?+