41И така во седмиот месец, Исмаел,+ синот на Нетанија, син на Елисама,+ од царскиот род,+ и еден од водечките луѓе на царот, дојде со десет луѓе+ кај Годолиј, синот на Ахикам, во Миспа.+ И таму во Миспа јадеа заедно.+
2 Тогаш Исмаел, синот на Нетанија, со десеттемина што беа со него, стана и го уби со меч Годолиј, синот на Ахикам, син на Сафан.+ И така го уби оној кого вавилонскиот цар го беше поставил над земјата.+