10 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, доаѓам против пастирите!+ Ќе ги побарам своите овци од нивните раце и повеќе нема да им дозволам да ги пасат моите овци,+ и пастирите повеќе нема да се пасат самите себе.+ Ќе ги избавам своите овци од нивната уста, тие нема повеќе да им бидат храна‘ “.+
13 Препашете се, свештеници, и удирајте се в гради од тага!+ Плачете горко, слуги на жртвеникот!+ Дојдете, поминете ја ноќта во козина, слуги на мојот Бог! Зашто, од домот на вашиот Бог ги снема житните жртви+ и жртвите налевници.+