11 А Мојсеј настојуваше да го смилостиви* лицето на Јехова, својот Бог,+ велејќи: „Јехова, зошто да се разгорува твојот гнев+ против твојот народ што го изведе од египетската земја со голема сила и со силна рака?
19 Зар Езекија, царот на Јуда, и сиот народ на Јуда го погубија поради тоа? Зар не се плашеше од Јехова и не настојуваше да му го смилостиви* лицето на Јехова,+ па Јехова зажали што им најави неволја?+ Ние, значи, навлекуваме голема неволја врз своите души.+
13 Препашете се, свештеници, и удирајте се в гради од тага!+ Плачете горко, слуги на жртвеникот!+ Дојдете, поминете ја ноќта во козина, слуги на мојот Бог! Зашто, од домот на вашиот Бог ги снема житните жртви+ и жртвите налевници.+
14 Прогласете свет пост!+ Свикајте свечен собир!+ Соберете ги старешините и сите жители на оваа земја, во домот на Јехова, вашиот Бог,+ и викајте кон Јехова да ви помогне.+